Прилеп се радуваше против Голден Арт, опстанокот во елитата е се поблиску

Ракометарите на Прилеп се многу блиску до остварувањето на целта – опстанок во суперлигашкото друштво, откако на домашен терен го совладаа незгодниот состав на Голден Арт со 26-23, со пресврт во второто полувреме.

Гостите се покажаа како тврд орев во текот на целиот меч, но домашните беа поснаодливи и имаа подобар за финиш за нови три бода. Сега Прилеп има 24 бода на врвот, пред Еурофарм Пелистер 2 кој има 21 и Куманово со 20, кои допрва ќе го одиграат својот меѓусебен натпревар.

Гостите уште по две минути игра останаа без голманот Димитар Бардакоски, кој во обид да спречи контранапад на Шабановиќ, го фаулираше, а судиите Илиевски му доделија црвен картон и мораше на трибини.

Прилепчани поведоа со 4-1 и најавија лесно освојување на бодовите, но не беше така. Гостите предводени од Даев, Ончев и Милошески, како и искусниот голман Даскаловски направија комплетен пресврт и поведоа со 7-6.

Избраниците на Божидар Мојсов ја вратија контролата на своја страна, но неколку грешки во нападот беа причина Голден Арт одново да го преземе водството и на пауза да замине со плус два, 13-11.

Слично се одвиваше и второто полувреме, гостите најчесто водеа со еден или два разлика, а Прилеп секогаш бркаше негатива. Во меѓувреме домашниот тим остана без Никола Цветаноски, кој заработи трето исклучување и црвен картон.

Мојсов комбинираше со Органџиев на левата страна, а тој два пати стрелаше за водство на Прилеп во последните десетина минути. По предноста на Голден Арт со 20-19, прилепчани врзаа два гола и поведоа со 21-20.

Во продолжение се играше поостро во одбраната, но Голден Арт секогаш наоаѓаше пат до мрежата на домашните за да израмнува. Беше 21-21, па 23-23, но по тајм-аутот гостите згрешија неколку пати, а за тоа беа казнети.

Милошески направи пробивање, Ангелески одбрани два шута на гостинските ракометари и Прилеп се одлепи на плус три, 26-23. Немаше време ниту сили кај Голден Арт за нов камбек и победата остана дома.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево за едно полувреме ја реши Македонија ЃП

Ракометарите на Драчево во натпревар од 12. коло...

Манасков: Мотивацијата е голема, очекуваме неизвесен натпревар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре против Алкалоид ќе...

Во Германија ракометот е забава, за нас е „живот или смрт“

Македонскиот репрезентативен голман и актуелен чувар на мрежата...