Пронајдени исчезнатите ракометари од Бурунди!

Хрватската полиција во текот на денешниот ден информираше дека меѓу десетте малолетници од Бурунди, кои побарале азил во Белгија, има двајца ракометни репрезентативци кои исчезнаа за време на СП во Хрватска.

Постојат сомневања дека и останатите осум се оние од десетмината што исчезнаа за време на кадетскиот Мундијал.

Десетмина кадетски репрезентативци играа во Хрватска на СП, а пред натпреварот меѓу Бурунди и Бахреин од разигрувањето за пласман на 9 август исчезнаа од студентскиот кампус каде беа сместени и оттогаш им се загуби секаква трага.

По повеќе полициски акции дел од нив се пронајдени во Белгија откако двајца побарале азил.

СП во Хрватска се играше во Ријека, Опатија, Вараждин и Копривница, а македонската кадетска селекција оствари пласман на деветтото место.

Полицијата во Риека на нозе – исчезнаа десет играчи на Бурунди!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...