Пукна трансфер „бомбата“ – Вуко Борозан се врати дома!

Пукна трансфер „бомбата“ – Вуко Борозан се врати дома!

Црногорскиот шампион Ловќен го врати својот поранешен играч во Цетиње, Вуко Борозан. Тимот што доби директно место во групната фаза од Лигата на Европа, вчера официјално го промовираше големото засилување.

Некогашниот лев бек на Вардар беше слободен агент, откако ја заврши сезоната во Катар, каде што замина по раскинот на договорот со Загреб. Тој беше меѓу најдобрите ракометари во „црвено-црниот“ тим во сезоната 2016/17 кога Вардар стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Неговата авантура во македонскиот тим заврши неславно откако замина среде сезона во 2019 година, но и без него Вардар стигна до нов европски трофеј. Потоа одигра две сезони во унгарскиот Веспрем, но не ги повтори партиите од македонскиот клуб.

Борозан играше за црногорскиот тим своевремено, кој ова лето во своите редови ги врати Мирко Радовиќ, Иван Перишиќ, Лука Вујовиќ, Филип Борозан, Богдан Петричевиќ, Вук Лакичевиќ…а се засили и со македонскиот репрезентативец Бојан Маџовски.

Дефинитивно во Црна Гора им нема рамен тим, а на Цетиње се посакува и успешен настап во Лигата на Европа.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО)

The post Македонски традиции: Галичка свадба 2024 (ВИДЕО) appeared first...

Двојна унгарска победа над Словенија, Германија триумфално против Франција

Селекциите што ќе бидат дел од Олимписките игри...

🎥 Галец пуштен на најјако – ги излуде Австријците

Голманот Иван Галевски по одличната клупска сезона, блеска...

Македонија чека чудо – португалско или германско

По ремито со Австрија, 20-20, машката младинска репрезентација...