Сензација во ЛЕ – Констанца на пенали го елиминираше ланскиот финалист

Шпанскиот Гранољерс, финалист на последниот Ф4 во Лига на Европа, нема да игра во групната фаза во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Гранољерс во квалификациите од Лига на Европа доживеа елиминација од романска Констанца, која во групната фаза ќе игра со екипите на Куенка, Горење Велење и Савехоф.

Првиот дуел, кој беше одигран минатиот викенд, заврши со победа на Гранољерс од 29:27, додека патникот во групната фаза беше одлучен на пенали, бидејќи регуларниот дел од денешниот реванш дуел заврши со 20:18 за романскиот тим.

Во пенал серијата, повеќе пофокусирани беа ракометарите на Констанца и со конечен резултат од 25:22 се израдуваа на пласман во групниот сегмент од Лига на Европа.

Гранољерс ќе продолжи да се натпреварува само во Асобал лигата, додека Констанца ќе се обиде своите квалитети да ги покаже на европската публика.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...