Шабановиќ: Не е исто да играш во Косово и против Вардар, Еурофарм Пелистер…

Еден од новите интернационалци во Македонија е ракометарот од Црна Гора, Денис Шабановиќ. Десното крило е новиот член на Прилеп, кој има високи аспирации за новата натпреварувачка сезона, во која ќе атакува на подобар пласман од лани.

Македонската лига станува „Мека“ за црногорските ракометари, кои го препознаваат квалитетот на нашата лига и одлучуваат дел од кариерата да ја поминат во македонските суперлигаши.

Еден од новите интернационалци во Македонија е ракометарот од Црна Гора, Денис Шабановиќ. Десното крило е новиот член на Прилеп, кој има високи аспирации за новата натпреварувачка сезона, во која ќе атакува на подобар пласман од лани.

Црногорецот во последни две сезони играше на Косово, таму беше дел од најтрофејниот косовски клуб Беса. Во желбата да игра подобар ракомет, односно да настапува во квалитетна лига, одлучува да дојде во редовите на Прилеп.

,,Се одлучив да ја прифатам понудата на Прилеп поради квалитетот на македонската лига, настапував на Косово во претходните две сезони, таму нема јака лига, па сакав да се пробам во нешто ново и да играм квалитетни натпревари. Искрено, имав уште неколку понуди да останам на Косово, но мојата желба беше да имам нов предизвик во кариерата, да ја сменам средината и да играм поквалитетен ракомет”, изјави Шабановиќ.

Десното крило истакнува дека не е сеедно дали настапуваш на Косово или играш во Македонија.

,,Секако дека ги следев натпреварите од лигата во Македонија минатата сезона поради настапот на неколку мои пријатели. Сега ќе играм против квалитетни клубови како што се Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Пролет…не е баш сеедно да играш на Косово или против овие клубови. Во последните две сезони настапував за Беса, шампионот на Косово, таму клубот немаше некоја голема конкуренција, бевме јаки за секого на домашна сцена, па поради тоа сакав да дојдам во поквалитетна лига”.

21-годишниот ракометар за првпат ќе настапува во Македонија, но доволно е запознаен со ривалите на Прилеп.

,,Се надевам дека со Прилеп ќе имам успешна сезона, ќе дадам сѐ од себе да оствариме што е можно подобар пласман. Мое мислење е дека овој тим може да изненади и да избори плеј-оф, напорно тренираме за остварување на целта. Што се однесува до ривалите, слушнав нешто за нив, нешто знам од моите сонародници, дел од нив играат во тие клубови, па така сум доволно запознаен со конкурентите на Прилеп во регуларниот дел од сезоната”.

Шабановиќ во Прилеп ќе игра заедно со неговите сонародници, средните бекови Владан Кастратовиќ и Драган Јелушиќ.

,,Засега сѐ е супер во Прилеп, ми се допаѓа градот, условите, тренинзите, играчите одлично ме прифатија. Јас со моите сонародници и сегашни колеги Владан Кастратовиќ и Драган Јелушиќ се знаеме уште од порано. Пред да дојдам во Прилеп се слушнав со Кастратовиќ, кој тука веќе е две сезони, ми кажа убави работи за Прилеп и можам да кажам дека сите црногорски играчи ја фалат овдешната лига”.

Перспективниот ракометар трансферот во Прилеп го гледа како отскочна даска во својата интернационална кариера.

,,Мислам дека трансферот во Прилеп ќе ми биде отскочна даска во мојата кариера, има повеќе можности некој голем клуб да те забележи, од година во година сѐ повеќе се следи македонската лига, се надевам дека добро ќе поминам овде”, заврши Шабановиќ.

Прилеп во првата фаза од подготовките играше контролни дуели со Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш.

Избраниците на Божидар Мојсов ги очекува и настап на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи од 25 до 28 август.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...