Некогашниот европски првак Металопластика во второто коло на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ беше изненадена од Бутел Скопје со 28:27. Избраниците на Владан Матиќ во текот на целиот натпревар беа во негатива и никако не можеа да фатат приклучок, односно да направат пресврт. Средниот бек на Металопластика, Аљоша Дмјановиќ, за 24Ракомет ТВ истакна дека со неговите соиграчи не одиграле на ниво против скопскиот тим, но се надева на подобар меч во дуелот со Еурофарм Пелистер. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…