Што ќе се прави, Скопје е полно со злоба?

Често голем дел од скопјани знаат силно да се фалат дека се елитата на Македонија. Многу аргументи наведуваат за тоа нивно мислење. Ама некако слабо се споменува фактот дека злобата и агресивноста ја има на претек во главниот град.

Претеруваме, нема многу злоба?

Епа како да се протолкува вчерашната вест дека трите ретки и прекрасни коњи во скопската Зоолошка Градина биле намерно отруени? Некој им поттурил брзоделувачки отров, што го покажала обдукцијата на сиротите животни.

Малку е преку еден пример да се констатира дека во Скопје има многу злоба и агресија – насилство? Па зар забораваме дека нелуѓе труеја и животни по скопските улици?

А, се сеќавате ли дека во Аеродром неодамна скршија убави нови кошеви кои беа поставени претходниот ден? Такви примери има безброј.

Да потсетуваме ли на пироманите и на десетиците запалени контејнери, видиковци…? За искршените клупи за седење, за уништените детски игралишта, за здробените корпи за отпадоци, за срушените улични светилки, сообраќајни знаци, информативни табли, фонтани, јавни чешми… да се потсетуваме?

Да, да… Време е Скопје да признае дека има сериозен проблем со злобни и насилни луѓе. Многумина такви си лечат фрустрации низ градов.

Зошто тоа не се спречува? Јавноста ретко дознава кој е сторител и дали некогаш некој е казнет за вандализам. Што прават надлежните градски служби, полицијата, образовниот систем…?

Во семејството се отвораат ли овие теми? Зборуваат ли родителите на своите деца како треба да се однесуваат надвор од дома?

Зарем питомите скопјани само ќе се повлекуваат пред здивените?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Опенхајмер“ ита кон Оскарите по наградата SAG

Историскиот еп за создавањето на најсмртоносното оружје „Опенхајмер“ освои...

Што не го изгласаат законот за продолжување на пасошите, наместо ДА ДРАМАТ ЗА ОБРАСЦИ НА ГРАНИЦА?

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување...

Što povezuje ratove u Ukrajini i Gazi s globalnim Jugom

DA BI SE pravilno razumjeli...