СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кои екипи трумфирале по петпати по ред во Струга

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Во досегашните 50 изданија на турнирот во Струга имало 14 различни победници од осум држави. Најуспешни се Вардар и Еурофарм Пелистер кои имаат по 13 триумфи. За разлика од Вардар кој доминирал од самиот почеток на турнирот и настапувал од 1973 година првиот настап на битолчани во Струга е дури десет години подоцна и тогаш првпат победија.

Истите две екипи имаат уште еден рекорд кој го поседуваат. Тие се единствените тимови што имаа по пет триумфи по ред во Струга.
Прво Вардар доминираше во периодот од 1973 до 1977 година, со пет триумфи по ред. Потоа пет триумфи по ред имаше и Пелистер во периодот од 1993 до 1997 година.

Црвено-црните уште еднаш имаа серија од пет победи по ред, и тоа во периодот од 2003 до 2007 година. Интересно е што во периодт од 2000 до 2007 година, само Пелистер еднаш успеа д аја прекине доминацијата на скопјани (во 2002 година).

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе играат шест екипи – три домашни (Струга, Вардар и македонскиот вицепрвак Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф). Од сите учесници, само Вардар и АЕК Атина го освојувале трофејот покрај езерото.
.

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СП младинки: Познати се осум учесници во главната фаза

Денеска на Светското првенство во Македонија беа одиграни...

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...