Шведскиот селектор не размислува за Македонија: Има два јасни фаворити во групата

Покрај домаќинот Унгарија и дебитантот Турција, ривал на Македонија на Европското првенство оваа година ќе биде и селекцијата на Шведска.

Селекторот Томас Акснер воопшто не ја споменува Македонија во изјавата по ждрепката и посакува реванш против Унгарија за поразот на олимписките квалификации.

„Има два јасни фаворити во групата, а клучен меч за нас ќе биде оној против Унгарија. Имаме желба да им се реваншираме за поразот на олимписките квалификации и не се плашиме од нив. Сакам да играме на финалниот викенд во Виена и мислам дека ќе беше потешко да го направиме тоа ако се падневме во другата половина од ждрепката. Ако можев да одберам, тогаш ќе ја изберев оваа половина со групите А, Б и Ц“, вели Акснер.

Шведска ќе биде прв ривал на Македонија на Европското првенство и натпреварот ќе се игра на 28 ноември, на 30 ќе играме против Турција, додека Унгарија ќе ни биде ривал на 2 декември.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Поповски немаше поддршка, Цирих попушти во најважната битка

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот...

Вардарки станаа шампионки – РФМ ги заборави пехарот и медалите!

Младинската екипа на Вардар ја одбрани титулата во...