Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно со Струшкиот, оној во Добој, и ова лето привлече квалитетни и силни тимови.

Најавени гости во Добој се европскиот првак Барселона, потоа унгарскиот Веспрем, хрватскиот Загреб, српската Војводина…

Меѓу нив ќе биде и македонскиот првак Еурофарм Пелистер, кој ќе има шанси да ги одмери силите со квалитетни екипи пред стартот на новата сезона.

Битолчани потврдија учество и на Струшкиот турнир од 14 до 17 август, а турнирот во Добој би требало да се игра кон крајот на август.

Минатото лето трофејот на турнирот во Добој го освои екипата на Барселона.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јанев: Еден ден играме феноменално до крај, а другиот ден…

Женската младинска репрезентација на Македонија во последниот натпревар...

Кој против кого до титулата во Скопје

Денеска на Светското младинско првенство во Скопје се...

📸 Фуриозниот старт не беше доволен за нова мундијалска радост

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора...