Скопско чудо: Фонтана без вода, ама камиони ја сакаат

Да се стапне или е? Ова, сигурно, е една од дилемите која редовно се појавува кај минувачите на главниот скопски плоштад „Македонија“ кога патот ги нанесува кон подната фонтана. Иако плочките се гранитни и поставени врз металната конструкција, веќе оставаат сомнеж дека нема да направат проблем под тежината на минувачот. Целата конструкција е веќе сериозно разнишана откако во изминативе години пропаѓаа неколку камиони кои „непоканети“ поминувале врз неа.

Иде лето, ќе се поправи фонтаната? Ќе има и вода во неа или ќе биде иновативна фонтана во која нема ништо да тече?

Три години нејзината поправка никако да влезе во плановите на надлежните за поправка. 

И натаму ли ќе пропаѓа целата инсталација која, за потсетување, во 2015 година, во рамките на тогашниот проект „Скопје 2024“ според изнесените податоци беа издвоени 2,5 милиони евра? Лупнати, тогаш, набрзина беа огромни пари.

Сега треба набрзина да се одлучи: ќе се поправи фонтаната или ваква – никаква ќе остане како спомен на едни фрлени народни пари.

Околу ова треба да се ангажираат градските власти кои се добива впечаток како да ја заборавиле фонтаната целосно. Скопјани очекуваа само камионите да ја заборавиле и да не ја посетуваат, а не и надлежните за нејзино функционирање.

Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ