Загрижувачки пожари на отворено: Ќе се чека ли пироманите да се самоизгаснат?

Нема ден во Македонија, а да се не случат повеќе пожари на отворено. Центарот за управување со кризи сето тоа педантно го евидентира. Но, дали државните и општинските институции педантно (читај исполнително) работат за да нема толку многу пожари?

Еве на пример денеска ЦУК извеснува дека во изминатото деноноќие регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни. Тоа е загрижувачка бројка.

-Пожарникарите од Македонска Каменица вчера во 12:00 часот имале интервенција на шумски пожар во атарот на село Дулица каде горела дабова и мешана шума. На терен биле излезени повеќе екипи. Во 19:30 часот, пожарот беше локализиран. Сите екипи биле повлечени од местото на настанот за во утринските часови денеска, да излезат на терен за догаснување на локализираниот шумски пожар. Опожарена била површина од околу 30 хектари, соопшти утрово ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Тетово известиле дека вчера од доцните попладневни часови имало шумски пожар на висок и непристапен терен над село Ѓермо, каде што горела дабова шума, лисја и ниска вегетација. Од Национален парк „Шар Планина“ не можеле да интервенираат на пожарот заради настапувањето на ноќта. Од ЦУК велат дека во текот на денешниот ден планирано е да интервенираат, ако во текот на ноќта не се самоизгасне.

Зарем ќе се чека и пироманите да се „самоизгаснат“ и веќе да си седат „мадро“?

ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Дали апелите се доволни?

Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ