Струга слави титула – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 31. КОЛО

Фудбалерите на Струга Трим и Лум испишаа историја откако успеаја да го стигнат трофејот во Првата македонска фудбалска лига. Клубот кој настана во 2015 година за само осум години од своето постоење од најнискиот ранг успеа да стигне до трофејот во елитата. Клучна беше победата во 31. рунда на домашен терен на убедлив начин против Силекс (3-0), а во корист им беше и победата на Шкупи над Шкендија од 2-1. Александар Васоски си поднесе оставка од тренерската позиција во Академија Пандев по срамниот пораз на домашен терен од Тиквеш од 1-4. Македонија Ѓорче Петров го декласираше „фенерџијата“ Победа со 7-0, додека Работнички во голеадата со девет погодоци славеше над Брегалница со 5-4.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)

Струга Трим и Лум е нов шампион на Македонија откако во 31. коло славеше над Силекс со 3-0. Главен виновник за историската прва титула за струшкиот тим беше Буњамин Шабани кој постигна два гола.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Шкендија)
Конечно се случи и тоа. Струга Трим и Лум е нов фудбалски шампион на Македонија. Шпетим Дуро го замени Срџан Захариевски и успеа да го одведе тимот до историскиот трофеј.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ералдо Чинари (Шкендија)

Иако Шкендија загуби од Шкупи со 2-1 и со тоа ги загуби шансите за трофејот во ПМФЛ, овој натпревар го одбележа неверојатниот погодок на Ералдо Чинари кој заслужено го доби епитетот најубав на рундата.



ФОТО НА КОЛОТО: Струга слави титула! 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ