• Некогашниот член на Металург и Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, го продолжи договорот со Партизан и ќе остане во српскиот клуб и во наредините две сезони.
  • Кружниот напаѓач на Бенфика и на селекцијата на Зеленортските Острови, Пауло Морено, по 19 сезони си заминува од португалскиот тим и ќе се пресели во францускиот Шарт.
  • Поранешниот чувар на мрежата на Металург, Дарко Арсиќ, ја продолжи верноста со Металопластика Шабац и во наредните сезони ќе го чува голот на екс европскиот првак.
  • Левиот бек Александар Чаприќ, кој минатото лето беше дел од Ол Стар тимот на кадетскиот Мундијал во Хрватска, заминува од Сесвете и ќе заигра за бундеслигашот Ајзенах.
  • По Ханиел Лангаро, Бранко Вујовиќ и тренерот Давид Дејвис, романскиот шампион Динамо Букурешт се засили на голманската позиција, каде што дојде Јонут Јанку од големиот ривал Стеауа Букурешт.