Туберкулозата во Македонија затропа на голема врата

Јасминка Данческа

Ако помисливме дека заразните болести кои го загрозуваат здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст се веќе минато, за жал туберкулозата не потсети дека тоа не е така. Здравјето на децата од 0 до 6 годишна возраст, во сите развиени земји па и во тие во развој, секогаш е на врвот на здравствените агенди. Само кај нас во Македонија тоа не е така. Здравствените власти не се заинтересирани за јакнење на здравјето на жените и децата и оваа ранлива популација е ставена на маргините.

Во Република Македонија постои установа која се грижеше за реализирање на превентивните мерки од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата, во цела држава. Се планираа превентивните мерки, опфатот на имунизација, се предлагаа мерки кон сите активни чинители и реализатори на Програмата.

Заводот за здравствена заштита на мајки и деца вршеше теренски посети со цел следење на тие мерки, следење на опфатот со имунизација, стручни едукации на вакциналните тимови и на патронажната служба за реализацијата на мерките да биде на високо ниво.

Денес, Заводот за здравствена заштита на мајки и деца е ставен на маргините, маргинализиран. Ако некогаш стручниот тим кој толку одговорно работеше и беше посветен да нема маргинализирани групи, маргинализирани деца, денес за жал ја доживува несреќната судбина што му ја приредија креатори на здравствени политики кои немаат базични познавања со управувањето на здравствениот систем. Маргинализиран, кадровски уништен, без ресурси, ЗЗЗМД , ја нема главната улога за организирање на Превентивната здравствена заштита на жените и децата.

Во програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за дејноста на Заводот за здравствена заштина на мајки и деца за 2022 год беа издвоени, замислете САМО 10.000 денари, кои се наменети за издавачката дејност на ЗЗЗМД – издавање на Информација за состојбите.

Не се реализираат теренските посети до Превентивните тимови и Поливалентните служби, кои исто така се десеткувани, нема планирања, нема едукации, советувања, нема надзор на реализирани и дадени дози на вакцини на целата територија на Република Македонија.

Нема први посети во домот на трудница во првиот триместар, нема први посети на новороденче. Од планирани БСГ околу 2000, дадени околу 600. И никој не прашува зошто?

И додека секој партиски војник во државава успеал да земе државно возило и да го експлоатира, Поливалентната патронажна служба редуцирана кадровски нема основни услови за работи. А нејзината дејност е да реализира посета и во најодалечените места, да направи увид на условите во кои живеат семејствата, да советува и да пружи здравствена заштита.

Дали заразните болести со кои Македонија се справи во минатото, денес ни тропаат на голема врата. И доаѓаат и земаат млади животи. Траорно е денес да дискутираме за загубата на еден млад живот од туберкулоза, наместо да дискутираме за поголема имплементација на повисоки стандарди како што се Стандардите за ран детски развој, ние денес дискутираме како да се справуваме со нешто што е обележје на 19 век.

Страшна регресија! Пад на нивото. Изгубени критериуми, изгубено знаење и изгубена самокритичност. Гол егоизам и консумеризам. Губење на здравствената меморија и здравствените искуства од минатото. Сакајќи да ја избришеме националната меморија ги бришеме научните траги што живот значат.

И една моја ценета колешка ќе речеше: Во последните денови од животот, пензиониран и во борба со карциномот, д-р Ефремов, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца, ќе дојдеше и ќе го разгледуваше опфатот со имунизацијата, реализицијата на плановите, ќе дадеше некој совет и препорака. Што ќе речам, посветеност до крај, до самата смрт, љубов кон народот и татковината, ниво за респект.

Денес за жал нема таков пример за посветеност од одговорните за спроведувањето на здравствените политики и грижата за здравјето на сите осигуреници, па дури и за тие што не се осигурани по никој основ. Игнорирањето на науката, непознавањето на здравствениот систем, суетата, ни ја донесе туберкулозата на голема врата. Замислете се што ќе биде ако не дај Боже се врати ПОЛИО. Оваа проблематика не трпи импровизација и не амнестира никого. Здравјето на секое едно дете има непроценливо богатство и за семејството и за општеството.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...