Уште еден амбасадор се враќа на консултации во Скопје – Љубомир Фрчковски

Уште еден амбасадор се враќа на консултации во Скопје – Љубомир Фрчковски

Извор на ТВ Канал 5 потврдува дека тимот на Тимчо Муцунски, поради финансиски малверзации, но и непостапување по добиените насоки, Љубомир Фрчковски од ОН во Њујорк доаѓа на консултации, што може да се протолкува и како негово отповикување.

Според истиот извор, причината за неговото враќање е конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од македонското МНР, запуштеност во работењето, нотирана финансиски недисциплина како и трошење на средства спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните претставништва. Актот за неговото повикување на консултации треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

Дополнително дознаваме дека финансиската недисциплина е поврзана со затајување на материјални средства од сукцесија на објекти и трошење на финансиски средства спротивно на постапките и процедурите во Министерството за надворешни работи.

За потсетување, актуелниот Амбасадор во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, Љубомир Фрчковски пред 2 години не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...