Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа на ПИК Сегед  „кој е кој“ и го совлада со девет гола разлика, 36:27, во натпревар од 22. коло од унгарскиот шампионат.

Избраниците на Момир Илиќ одиграа одлично во двете полувремина, на пауза имаа предност од 16:10 и рутински ги одработија вторите 30 минути.

Победничката екипа беше предводена од Омар Јахија со пет погодоци, додека во поразениот табор се истакнаа Лука Степанчиќ и Марио Шоштариќ, кои постигнаа по четири погодоци.

Веспрем е лидер на таелата со 48 бодови, тимот на ПИК Сегед има 40, додека трет е Ференцварош со 29.

До крајот од регуларниот дел треба да се одиграат уште неколку кола, па потоа најдобрите две екипи ќе играат во плеј-оф фазата за титулата.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јовиќ: Техничките грешки си го направија своето

Екипата на Пролет на гостувањето кај Охрид доживеа...

Чаир во турбо ритам – во пет дена забележа три победи!

Ракометарките на Чаир забележаа трета победа во пет...

Келце поднесе жалба до ЕХФ за арбитражата со европскиот првак

Полскиот гигант Келце, кој вчера загуби на пенали...