За неспособноста на раководството, виновен е тренерот (дел втори) – Екипа

Не е прв пат ЕКИПА да има наслов „За неспособноста на раководството, виновен е тренерот“… Кога ваквата детална анализа излезе во февруари годинава, таа се однесуваше на наивниот однос на управата на клубот, кој дозволитогаш најдобриот кошаркар Дастин Вер да си замине со предвремен раскин од клубот, а потоа цената ја плати Дарко Радуловиќ, добивајќи отказ по неуспехот во финалето од Купот на Македонија. Анализата беше тотално на место, со конкретни бројки за придонесот на Вер во тимот, но тогаш оправдувањето на директорот Филип Ѓоревски беше дека виновен е неговиот претходник, Тони Грнчаров, чиј недоволен ангажман придонел Вер да може да си замине.

Само десет месеци подоцна, сведоци сме на буквално истата случка во МЗТ Скопје, откако управата на чело со Ѓоревски дозволи најдобриот играч од стартот на сезоната Бре Ајви да си замине од екипата, потоа резултатите тргнааа во катастрофална линија, а цехот го плати тренерот, во случајов Александар Петровиќ. Како што може да се забележи, имињата на играчите кои си одат и тренерите кои добиваат откази се менливи, Грнчаров речиси цела година не е во клубот, но единствената константа во повторувањето на почетничкото раководење со клубот е токму директорот, кој е апсолутно недораснат за функцијата.

За заминувањето на Ајви во една своја изјава прокоментира: „Не дека нема и наша делумна вина во целата приказна, но на крајот ја плаќаме сметката на желбата да бидеме добри работодавци и гостопримливи домаќини“.

На човекот очигледно не му е јасно дека тој не е на функција домаќин, затоа што е прв човек на тим што е кошаркарски шампион на Македонија. Ѓоревски очигледно не знае што значи да се биде директор. Некој треба да му објасни дека добар работодавец е тој што редовно дава плата, а не што доцни со месеци, како во МЗТ Скопје, така и во поранешниот клуб што го остави да се удави во долгови, па не се ни регистрираше во АД за ланската сезона да настапува во Супер-лигата, иако со пласманот тоа го заслужи.

Давањето на плата исто така е лекција што овој директор треба да ја научи, за тоа како се дава, бидејќи кога најмалку двајца кошаркари ќе му ја вратат поради начинот на исплата, значи дека проблемот не е нималку наивен.

Вистината е една и единствена – МЗТ остана без Ајви на петнаесетина дена пред двата клучни натпревари за опстанок во АБА. домашните дуели со Борац Чачак и со Сплит. И без помошта на Американецот двата ги загуби. А виновник за заминувањето на Ајви е еден и единствен – Ѓоревски, бидејќи доколку му го имаше исплатено она што му се должеше, тој ќе останеше во клубот за овие средби, а ако потоа инсистираше на заминување, МЗТ ќе беше во ситуација да добие барем отштета од неговото заминување.

МЗТ Скопје со скор 2-10 е закован на дното на табелата, а во вториот круг го очекуваат гостувања против директните ривали за опстанок, во Чачак и во Сплит. Ситуацијата не е нималку розова и во услови на ваква криза, тренерската смена е логичен след на околностите. Затоа, заминувањето на Петровиќ е сосема очекуван потег, но никој не смее да го амнестира директорот како главен виновник за амбисот во кој падна екипата во последните дваесетина дена. Ако веќе се случи неизбежнатља смена на чело на стручниот штаб, Ѓорвски да имаше доблест и самиот ќе се повлечеше, заради својата улога во овој потоп. Но, тоа за жал на МЗТ Скопје не е случај.

Директор да смени тренер, тоа е нормална работа во светот на спортот, но кога станува збор за МЗТ Скопје прашањето што мора да се постави е – кој ќе го смени директорот…

Затоа што кој и да дојде за наследник на Петровиќ, како судбина ќе му биде запишано повторување на историјата со „неспособноста на раководството, вината е кај тренерот“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Струмица се играше без одбрана – паднаа 80 погодоци!

На натпревар со вкупно 80 постигнати погодоци, тимот...

Поповски перфектен, Цирих израмни против Луцерн во полуфиналната серија

Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин...

Ристовска: Веќе знаеме со кого играме и каков предизвик имаме пред себе

Женската репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите...