ДУИ многу зборува против корупцијата, а работи ли барем малку против неа?

Да се искорени корупцијата во Македонија, да се бориме против неа, да се пријавуваат случаите, да се казнуваат сторителите… Сето ова деновиве како рефрен се повторува од функционерите на СДСМ и ДУИ со цел да и се застанело на патот на корупцијата. Дали кажувањето рефрени е доволно?

Деновиве, за заменик-министерот за внатрешни работи од редовите на ДУИ Назим Буши беше објавена информација дека наводно платил 20.000 евра за едно ноќевање за суперлуксузен апартман во луксузен хотел во Истанбул во 2020 година. По ова, Буши објасни дека патувал приватно и дека не знае кој ја платил сметката.

-Во хотелскиот апартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинел престојот. Но, сумата од 20.000 евра е претерана, се правдаше Буши.

Што велат за ова во ДУИ? 

Оваа партија и нејзините функционери, инаку, последниве недели на сите ѕвона зборува за борбата против корупцијата, за ветинг и слично, посебно откако на недоволна борба предупреди новата американска амбасадорка Анџела Агелер. Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи побрза да соопшти дека го поканил американскиот тим за борбата против корупцијата иако Владата немала таква одлука.

Но, во исто време, од него и од ДУИ нема реакции околу забелешките на истата амбасадорка која што јавно соопшти дека е „изненадена“ од начинот на изборот на новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал Ислам Абази. Нема објаснување и за објавените фотографии во јавноста на коишто Абази се гледа во друштвото на високи функционери на ДУИ, а што веднаш повлече сомневањата во можна корупција и пристрасност.

Сепак ДУИ тврди дека останува на патот кон борбата со корупцијата. Дури и вицепремиерот Артан Груби деновиве откри дека му пречи селективна правда во земјава.

-Имаме селективна правда, за жал, и тоа го имаме констатирано во неколку наврати во неколку случаи. Треба заедно да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг, да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители и да пројдеме низ тој процес на прочистување како општество и да го вратиме кредибилитетот и довербата во институциите, изјави Груби.

И сега се наметнува прашањето  – како тој и другите функционери од ДУИ го замислуваат тој процес на прочистување од корумпирани политичари? Ако не се реагира на избор на јавен обвинител кој се дружи и слика со нивни партиски функционери, ако не е проблем тоа што на нивен заменик-министер скапи хотелски сметки му ги плаќа непознато лице… тогаш за каква посветеност на борбата да се врати кредибилитетот на институциите станува збор? 

Можеби чекаат премиерот Ковачевски да реагира? А тој ќе преземе ли нешто или чека на нив?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Влатко Митков ја игра последната сезона во кариерата!

Покрај Владимир Темелков, на крајот на оваа сезона...

Загреб задржа осуммина ракометари – Патрик Валчак останува до 2026 година

Хрватскиот шампион Загреб денеска потврди дека се продолжени...

Стартува трката за пратеници, ќе се продолжи ли со валкана кампања?

Од денеска почна и кампањата за Парламентарните избори. Не...