Загрижувачко, питомите скопјани ја губат битката со дивите – невоспитани сограѓани 

Во саботата конечно поставија нови кошеви на спортското игралиште во дворот на ОУ „Љубен Лапе“ во неделата веќе едниот кош вандали го скршија. Ужасно!

Пред неколку дена беа ставени во функција нови тротинети неменети за скопјани, по 48 часа неколку тротинети се расеани низ Скопје фрлени во кал, фрлени во контејнер, искорнати им се делови… Ужасно!

Па нели во Скопје живеела елитата на Македонија? Скопјани многу се фалат околу тоа, ама во своите редови имаат бајаги гадови – невоспитани.

Скопските вандали, очигледно, чекаат нешто ново да се направи од парите на граѓаните па да најдат нови форми за изразување на своето дивјаштво. Наоѓа ли Скопје и останатите – питомите скопјани лек за сето ова?

Вандалите се нечии деца, ги воспитувал ли некој? Има родителите кои на социјалните мрежи кукаат поради вандализам – ама не знаат дека тоа токму нивните деца го прават.

Досегашното уништување и палење на контејнерите за ѓубре, на канти за отпадоци, на реквизитите на детските игралишта, на клупите, на автобуските постојки, уништувањето на видиковците, на градското зеленило и опрема… сега само се надополнува со новото дивеење.

Секој од себе да тргне и од своите во фамилијата. Воспитување си бара работава која загрижува. Во спротивно следи прашањето: Треба ли многу да се вложува во Скопје и да добива нешто ново со што ќе се подобрува квалитетот на животот во него?

Да, страдаат чесните и воспитаните поради несовесните граѓани. Од секогаш било така, ама многу замав зема работава.

Пред четири години тогашните градски власти дадоа 1,5 милион евра за набавка на нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри, 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри, 950 корпи за џебен отпад… Но, она што е платено со парите на сите граѓани сега полека, од ден на ден, се уништува. Наскоро ќе се дојде и до тоа да во градот нема ниту еден нов контејнер, ниту една нова корпа.

До кога вака?

Воспитувањето освен дома е заборавено и во образовниот ситем. А мора да се каже дека изостанува и казнување на вандалите.

Кој ќе победи, питомите или здивените, зависи од сите нас кои живееме во Скопје.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...