Дабески и Петковски комбинираа 20 гола, Драчево лесно го реши Шампион

Тимот на Драчево забележа нова победа во прволигашкиот плеј-оф, откако славеше против Шампион со 36-29 во десеттата рунда.

Сега Драчево има 17 бода на четвртата позиција на табелата и се враќа во битката за второто место и баражот.

Гостите одржуваа рамнотежа во првите десетина минути, пружаа отпор, но Драчево на пауза замина со водство од три гола, 16-13.

Второто полувреме помина во комплетна доминација на Драчево, а најдобри стрелци беа Филип Дабески со 12 и Димитар Петковски со осум.

Во составот на Шампион, кој во десет кола од прволигашкиот плеј-оф се уште нема победа, се истакна Стефан Огненовски со 12 погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Доминација до крај – Ѓорчепетровки со двојна круна за совршена сезона

Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на 31....

Којовиќ: Нема за што да жалиме, дадовме сѐ од себе

Екипата на Чаир годинава испиша историја, бидејќи за...