Мечка нападнала 61-годишен сточар, му ги повредила нозете, грбот и други делови од телото

Сточарот, при нападот од мечката, откако бил соборен на земја, успеал да се одбрани со нозете, а во тоа му помогнале и неговите две помали кучиња

Шеесет и едногодишен маж бил нападнат од мечка на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на селото Оморани во Општината Чашка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во нападот, мечката го каснала мажот на двете нозе, а тој се здобил и со повреди на грбот и на други делови од телото.

Сточарот, при нападот од мечката, откако бил соборен на земја, успеал да се одбрани со нозете, а во тоа му помогнале и неговите две помали кучиња.

Според информациите што блиските роднини на сточарот ги пренеле до ЦУК, ситуацијата била сериозна бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално.

-По нападот, лицето заедно со стадото крави, имало сила да се врати назад во неговата колиба, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие, се вели во соопштението од ЦУК.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...