Хрватска и Словенија во иста група на ОИ, Франција си одбра полесни ривали!

Денеска во Франција беше извршена ждрепката за групите на Олимписките игри, кои во периодот од 26 јули до 10 август ќе се одржуваат во Париз.

Домаќинот Франција имаше привилегија да одбере во која група посакува да игра, па така си одбра полесна група и во машка и во женска конкуренција.

Французите ќе играат во групата Б заедно со репрезентациите на Аргентина, Египет, Унгарија, Норвешка и Данска.

Претставниците од Балканот – Хрватска и Словенија се дел од групата А, во која се уште и Јапонија, Шведска, Германија и Шпанија.

Кај дамите, во првата група има дури пет селекции од Европа и една селекција од Азија, додека во втората група четири европски селекции и по една селекција од Азија и Јужна Америка.

Репрезентацијата на Словенија, која е единствен претставник од Балканот и која преку квалификации избори пласман на најголемата спортска манифестација, ќе игра во групата А.

Избраничките на Драган Аџиќ за ривали ги имаат Норвешка, Германија, Шведска, Данска и Јужна Кореја.

Актуелен бранител на титулата кај мажите и кај жените е репрезентацијата на Франција.

Најдобрите четири репрезентации од двете групи ќе продолжат во четвртфиналето, односно ќе се борат за пласман во полуфиналето.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Портнер би можел да заработи четиригодишна суспензија

Репрезентативецот на Швајцарија и член на Магдебург, Никола...

Келце го задржа талентираниот Валах на уште две сезони

Полскиот гигант Келце и 22-годишниот голман Милош Валах...

И Грците побараа вајлд-карта за настап на Мундијалот 2025

Ракометната федерација на нашиот јужен сосед официјално се...