Чурлевски и Грифк ја завршија сезоната во Финска на четвртото место

Тимот на Грифк, каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски, ја заврши сезоната во Финска на четвртото место.

Иако во регуларниот дел од првенството Грифк имаше одлични партии, сепак попушти во плеј-офот.

Најпрво загуби од Рихимаки Кокс во полуфиналната серија со 3-0, а во двомечот на разлика за третото место, Грифк беше покус за два гола.

По поразот на првиот меч од Дикен со 22-20, Грифк на домашен терен одигра само реми, 24-24, па заврши на четвртото место.

Чурлевски на овој натпревар беше стрелец на четири погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Купот добива нов сопственик, Вардар запрен на првата препрека

Ланскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа...

Уметноста на возможното – Република

Петар Поп-Арсов Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците...

🎥 Вардарци „скршени“, „Комити“ со порака: Нема да ве оставиме!

Вардарци нема да го бранат трофејот во Купот на...

Недановски: Не треба „некои“ да решаваат кој ќе победи!

Ракометарите на Вардар нема да имаат можност да...