МВР со апел: Има лажни покани во врска со наводна тековна истрага- НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

Секторот за компјутерски криминал апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, велат од МВР.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Порто во Кил ја бара замената за Митревски

Португалскиот Порто по промашената сезона во која не...

„Вујовиќ го гледав како татковска фигура“

Поранешниот вардарот стратег Веселин Вујовиќ има влијание на...

Пропаѓа уште еден великан – се гаси подгоричка Будуќност!

Црногорскиот шампион Будуќност е на пат да ја...

Сигурдсон пресече – еве кои 14 ракометари ќе играат за Хрватска на ОИ

Селекторот на машката селекција на Хрватска, Дагур Сигурдсон,...