Бисинов продолжи со контролите, тестираше и со косовски суперлигаш

Амбициозниот прволигаш од Велес, тимот на Бисинов, продолжи со одигрувањето на контролни дуели пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Ракометарите на Бисинов на вчерашниот тест дуел против косовскиот Раховец, клуб кој пред две недели тестираше со новиот суперлигаш Аеродром, беа поразени со 40:34.

Резултатот за велешани беше во втор план, со оглед на фактот дека во овој период екипата работи на воигрување.

Бисинов претходно одигра пријателски дуели против Радовиш и Овче Поле и на двата забележа победа.

Тимот од Велес во новата сезона ќе биде посилен со искусните  Ивица Илиев и Славјан Паунов, кои долги години ги бранеа заедно боите на Радовиш.

Клубот на тренерот Никола Бисинов се поднови и со уште Илија Табаков од Бутел Скопје, Филип Силјанов од Металург РА и Никола Манев.

Во Бисинов дојдоа и поранешните кадетски репрезентативци – Александар Стојменов од Голден Арт 2 и Никола Димитров, ракометар со суперлигашко искуство.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...

Еурофарм Пелистер во третиот шешир – еве ја процедурата пред ждрепката за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката...