ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардарци против Рајн Некар, Митревски и Порто на мегдан со Барселона!

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, денес ќе го одигра реванш дуелот против Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа.

Ракометарите на Владо Недановски на првиот дуел, кој беше одигран минатиот викенд во „Јане Сандански“, беа поразени со девет гола разлика, 35:24.

Бундеслигашот сигурно поради убедливата победа на првиот дуел нема да се троши многу на реваншот, но ќе мора максимално да одработи против „црвено-црните“.

Вардарци ќе посакуваат да се покажат во подобро светло, но и ќе атакуваат на евентуална победа за крај на кратката европска авантура.

Денес ќе се одигра и реванш дуелот меѓу екипите на Винтертур и Агуаш Санташ, по што ќе бидат познати сите учесници во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Настап ќе има и голманот на сениорската репрезентација на Македонија, Никола Митревски, кој со Порто ќе игра во финалето на второт издание на Иберискиот Суперкуп.

Ривал на португалскиот тим во финалето ќе биде каталонскиот гигант Барселона.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ЛА РИОХА – СПОРТИНГ

14:30 МАГУРА – ЧСМ БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)

15:00 ПАРИЗ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)

15:00 МАГДЕБУРГ – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)

15:00 ПОРТО – БАРСЕЛОНА

15:00 ГДАЊСК – КЕЛЦЕ (ПОЛСКА)

16:00 АМАНД – МЕЦ (ФРАНЦИЈА)

16:00 РАЈН НЕКАР – ВАРДАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

16:00 ДУКЛА – НОВЕ ВЕСЕЛИ (ЧЕШКА)

16:30 БУЗАУ – ГЛОРИЈА БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)

16:30 КИЛ – ВЕЦЛАР (БУНДЕС ЛИГА)

16:30 ЛЕМГО – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

17:00 ВИНТЕРТУР – АГУАШ САНТАШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

17:00 БРНО – ХРАНИЦЕ (ЧЕШКА)

18:00 НАЕРБО – ВИКИНГ (НОРВЕШКА)

19:15 ХАЛСУМ – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)

20:00 ЕСБЈЕРГ – НИКОБИНГ (ДАНСКА)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Никој досега не успеал да ѕирне во погоните каде што се прави „Нутела“

Слатките по кои цел свет „полуде“ се дело на...

Крунисани шампионките: Ѓорче му даде 43 гола на Астибо

Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа уште еден рутински...

Нетфликс ќе снима филм за Јелена Карлеуша

Една од најголемите српски ѕвезди Јелена Карлеуша ќе зборува...

Пол Мaкартни стана првиот британски музичар милијардер

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата...