Чантурија ги „отвори вратите“ за Грузијците во Македонија

Грузискиот репрезентативец во редовите на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, покрај актуелниот клуб има настапувано две сезони за Прилеп, а потоа една година играше во Пелистер.

Тој во Македонија ја започна неговата интернационална кариера, а неговиот сонародник, познатиот Реваз Чантурија го посочува како еден од виновниците за тоа.

„Реваз Чантурија еден од првите грузиски ракометари кои дојдоа да играат во Македонија. Тој ја отвори вратата за нас останатите. Паметам дека со репрезентацијата до 18 години игравме квалификации против Македонија во Хрватска, каде одиграв добар натпревар и ме забележале. Реваз е мојата прва препорака, а потоа добри зборови имало и од Таста (Горан Кузмановски), кој е добар пријател на Реваз, но и со претседателот на Прилеп и со тогашниот тренер Ице Соколевски, и веројатно така се случи да дојдам во Прилеп. Тоа е некаде на 17-18 години. Дојдов на проба и паметам бев нервозен. Немав искуство, но бев подготвен, добив совети од татко ми кој претходно играл во Србија. Томче Петрески ми беше прв тренер и многу ми помогна, одлично бев прифатен во средината, доби поддршка од соиграчите и не беше воопшто тешко да се адаптирам, барем не толку колку што мислев дека ќе биде. Навистина имам само добри спомени од тој период. Имав добра втора сезона во Прилеп и добив повик од Реваз за да преминам во Пелистер, каде првпат соработував со Стевче Алушовски.“

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Теимураз Орјоникидзе…

ИНТЕРВЈУ ТЕИМУРАЗ ОРЈОНИКИДЗЕ: Охрид е клуб со визија!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...

Ристовска и ЦСКА ги дели уште еден меч до обрана на титулата

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката...

Драчево за едно полувреме ја реши Македонија ЃП

Ракометарите на Драчево во натпревар од 12. коло...

Манасков: Мотивацијата е голема, очекуваме неизвесен натпревар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре против Алкалоид ќе...