Европа ќе има нов шампион – за првпат на Ф4 ќе игра германска екипа

Денеска се одиграа последните реванш средби од четвртфиналето во Лигата на шампионите, по што се познати сите патници на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Оваа сезона во Лигата на шампионите кај дамите ќе има нов шампион, бидејќи Вајперс Кристијансад, кој три сезони по ред ја освојуваше титулата, не успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи.

Норвешкиот шампион беше елиминиран од Ѓер, на првиот дуел доживеа пораз од 30:23, додека на реваншот не успеа да ја надомести негативата од седум гола и триумфираше минимално, 26:24.

За првпат на Ф4 ќе игра една германска екипа, откако Битигхјам во четвртфиналниот двобој беше подобар од Оденсе. Бундеслигашот минатата недела славеше со 30:26 и победата од четири гола разлика се покажа како клучна, бидејќи на реваншот загуби со 32:30.

По едногодишна пауза, на Ф4 ќе игра францускиот Мец, кој на двапати беше подобар во двобојот со ЧСМ Букурешт (27:24, 29:23). За титулата во Лигата на шампионите ќе се бори и Есбјерг, тим кој што во последните две сезони не успеваше да стигне до бронзата во елитата.

Есбјерг за ривал во четвртфиналето го имаше Ференцварош, на првиот дуел со клубот од Будимпешта дојде до минимална победа од 26:25, на вториот победи со пет гола разлика, 29:24.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ристовска и ЦСКА ги дели уште еден меч до обрана на титулата

Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката...

Драчево за едно полувреме ја реши Македонија ЃП

Ракометарите на Драчево во натпревар од 12. коло...

Манасков: Мотивацијата е голема, очекуваме неизвесен натпревар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре против Алкалоид ќе...