ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Кадетите по историски успех на СП, кадетките по избегнување на фенерот на ЕП!

Македонските кадети денес на Светското првенство во Хрватска ќе се борат за освојување на 9 место.

Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде незгодната репрезентација на Чешка. Натпреварот меѓу Македонија и Чешка ќе стартува со почеток од 20:00 часот.

На кадетскиот Мундијал во Хрватска ќе бидат одиграни и двете полуфиналиња, како и останатите дуели во разигрувањето за пласман.

Првото полуфинале го сочинуваат репрезентациите на Хрватска и Шпанија, додека во второто полуфинале ќе играат Данска и Египет.

Женската кадетска репрезентација на Македонија во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место за ривал ја има селекцијата на Швајцарија.

Денешниот дуел со Швајцарија е закажан за 13:30 часот и доколку Македонија слави, тогаш ја чека борба за 13 место со победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд, а доколку загуби ќе игра за 15 место со поразениот од овој двобој.

Исто така, на кадетскиот континентален собир ќе се одиграат полуфиналните дуели.

Во првото полуфинале ќе играат репрезентациите на Германија и Франција, а во второто полуфинале ќе се сретнат Данска и Хрватска.

Распоред на денешните натпревари на Светското кадетско првенство:

12:30 ЧИЛЕ – АРГЕНТИНА

12:30 СЛОВЕНИЈА – ИРАН

13:00 НОРВЕШКА – ГЕРМАНИЈА

15:00 АВСТРИЈА – БРАЗИЛ

15:00 АЛЖИР – ЈАПОНИЈА

15:30 ПОРТУГАЛИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ

17:30 УНГАРИЈА – САУДИСКА АРАБИЈА

17:30 РУАНДА – САД

17:30 ЦРНА ГОРА – ИСЛАНД

18:00 ХРВАТСКА – ШПАНИЈА

20:00 МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА

20:00 МАРОКО – ШВЕДСКА

20:00 ГРУЗИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА

20:30 ДАНСКА – ЕГИПЕТ

Распоред на денешните натпревари на Европското кадетско првенство:

13:30 СРБИЈА – ХОЛАНДИЈА

13:30 ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

15:45 УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА

15:45 ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД

18:00 ГЕРМАНИЈА – ФРАНЦИЈА

18:00 ЧЕШКА – НОРВЕШКА

20:15 ДАНСКА – ХРВАТСКА

20:15 РОМАНИЈА – ШВЕДСКА

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...