Добра вест од Веспрем: Штербик излезе од болница!

Легендарниот голман Арпад Штербик минатата недела беше хоспитализиран поради срцев удар во болница во Балатонфуреди.

По брзата лекарска интервенција, Штербик остана уште неколку дена на рехабилитација во болница, но сега се е во ред со него.

Сепак некогашниот чувар на мрежата на Вардар го чека продолжување на рехабилитацијата надвор од болницата, која вклучува многу мирување и долг одмор без стрес.

Кога и дали ќе се врати во стручниот штаб на Веспрем, како тренер на голмани, ќе биде дополнително познато.

Веспрем го заврши настапот во Лигата на шампионите, но го чекаат битките во Купот на Унгарија и во домашното првенство.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ЅВЕЗДА НА 24. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИВОНА ТРПЕВСКА (ВАРДАР)

Ракометарката на Вардар, Ивона Трпевска, го доби признанието...

Стефаноски погоди 17 пати, Кичево одработи рутински против Борец

Ракометарите на Кичево одработија рутински против Борец и...