ЕХФ донесе одлука за случајот на Драган Начевски – важи од денеска

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација денеска донесе одлука за случајот на Драган Начевски, кој се однесуваше на непријавувањето на понуда од наводниот кинески бизнисмен за местење на натпревари.

Начевски беше oслободен од функцијата претседател на Судиската Комисија во мај 2023, откако не го пријавил разговорот во ЕХФ.

Тој веднаш се жалеше на одлуката, бидејќи нема никаква вина, па случајот беше вратен на повторно разгледување и денеска ЕХФ објави дека е потврдена првостепената одлука.

Суспензијата од две години важи од денот на потврдата на одлуката, 12 април 2024, но ќе биде намалена за два месеци, односно за периодот од денот на одлуката на Ракометниот Суд до денот на жалбата.

За тоа време Начевски нема да може да извршува никакви функции во ЕХФ, ниту да извршува активности поврзани со европската куќа на ракометот. Покрај тоа ќе треба да плати и казна од 5.000 евра.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...