Иако Хрватска е домаќин на Светското првенство за кадети, сепак, домашните ракометари на стартот не наидоа на голема поддршка од трибините.
Машката кадетска репрезентација на Хрватска во овие моменти игра против Алжир во рамките од првото коло од кадетскиот Мундијал.
Хрватска на дуелот со Алжир има поддршка од околу 100 до 150 навивачи во „Вараждин арена“.
Најголемиот дел од посетителите се семејствата на ракометарите, па така ,,коцкестите” можат да очекуваат поддршка дури на дуелот со Португалија, бидејќи во второто коло играат со аутсајдерот Руанда.

The post Фијаско за домаќинот на СП – полупразна сала на првиот меч (ФОТО) first appeared on 24 РАКОМЕТ.