Како Џафери го чува угледот на Македонија, а како угледот и правата на граѓаните?

 Мора надлежните да бараат разни начини за излез од мега аферата кога во државен притвор се ставени над 650.000 македонски граѓани. Многу од тие лица не смеат да излезат од Македонија, другите пак не смеат да влезат во татковината со патните листови оти потоа нема да знаат кога ќе може да излезат. Крајно недозволива ситуација!

И, актуелната техничка влада под водство на Талат Џафери како да не е решена сериозно да бара чаре за ова масовно кршење на човековите права. Да потсетиме – се кршат одредби од Уставот, оној правен акт кој власта секој ден ни го споменува дека треба да го смениме за некој да добиел право.

А има ли можни решенија од хаосот и понижувањата што власта го направи? Секако дека има. Иако, дури и да изгледа дека ги нема, Владата е должна да ги бара оти е недозволиво ова што се случува со газење на фундаменталното право на слободно движење.

На пример, можеше од поодамна да се продолжи ултимативниот рок барем за до крајот на годината, до кога МВР со новото раководство ќе мора да најде и обрасци за пасоши и начин за побрзо нивно издавање.

Ама министерот за надворешни работи Бујар Османи спроти истекувањето на ултимативниот рок на 12 февруари објави дека тој рок не може да се поместува. Претседателот Пендаровски и поранешниот премиер Ковачевски тогаш пимплаа со денови кој да го бара тоа… а, вчера пак и техничкиот премиер Талат Џафери јавно кажа дека барањата да се продолжи рокот на важењето на старите пасоши по примерот на возачките дозволи се несериозни.

– Несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи, рече Џафери додавајќи дека “непочитувањето на меѓународните договори би нанело штета на меѓународниот углед на државата“.

Пазете, тој мисли и се грижи за меѓународниот углед на Македонија. Браво. А што е со угледот и правата на една третина од населението во земјава? Што сега е приоритет, впрочем се бара ли начин и двете работи да се спасат? А и, каков е угледот на Македонија во светот откако сите видоа како власта направи државен притвор за своите граѓани?

Сетиот огромен хаос можеше да се избегне ако, како што укажуваа експертите, на време се испратеше дипломатска нота од стана на Македонија до Грција во која официјална Атина ќе се информира дека Скопје не успеало целосно да ја реализира обврската од Преспанскиот договорот за промена на личните документи на граѓаните во предвидениот рок и е присилено тој рок да го продолжи за одреден период…

Зошто ова не се прави никој од Владата аргументирано не објаснува. Или, пак, можен ли е некој друг начин да се договори – издејствува пролонгирањето на рокот од 12 февруари? Навистина ли меѓународните договори не може да добијат надополнувања?

Сетоа тоа изостанува како објаснување од страна на Владата, на МНР, на МВР до граѓаните. Имаат ли тие воопшто разбирање за проблемите кои се направени на една третина од македонското население?
Целиот текст можете да го прочитате на skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Германија ракометот е забава, за нас е „живот или смрт“

Македонскиот репрезентативен голман и актуелен чувар на мрежата...

Морос ја заврши швајцарската авантура

Шпанскиот репрезентативец Виран Морос на крајот на оваа...

Макаби Ришон се поздрави со Чаневски, Карачиќ и Атман

Израелскиот Макаби Ришон Ле Зион не успеа да...

Металург Автокоманда „краде“ две ѕвезди на Вардар!

Тимот на Металург Автокоманда ќе има уште поголеми...