Koј ги пали пожарите на отворено среде зима?

Зима е, ама пожарите на отворено во Македонија никако да запрат. Десетина, дваесетина пожари е речиси секојдневен податок во дневните информации што ги споделува Центарот за управување со кризи.

Вчера, на пример, пожарникарите изгаснале дури 21 ваков пожар. Горело најмногу на скопското подрачје каде имало десетина пожари, горело и во Битола, Струмица, Куманово… Иста така, беше и во изминативе денови на разни други подрачја низ земјава.

Апсурдот е дека ваквите пожари на отворено се случуваат токму во екот на зимата, кога времето е студено, кога влажноста е поголема, кога е невозможно да дојде до самозапалување на тревите или шумите како во летниот период. А тоа значи дека сите овие пожари имаат свој конкретен причинител.

Апелите на ЦУК да не се палат стрништа укажуваат дека од таму доаѓа најголема опасност. Но, дали само од таму? Очигледно е дека добар дел од ваквите пожари имаат и свој предзвикувач во разни пиромани, фрустрирани лица, злонамерници…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло против Еурофарм Пелистер

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло, ростерот си го направи своето

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Ангеловски: Играчки сме катастрофа, ќе мора подобро доколку сакаме трофеј

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и...

Темни облаци над Германија (и како новинарите работат за ЦИА и разузнавачките служби) – Denesen.mk

Д-р Роберт МАЛОУН Многумина во Германија сега се плашат да...