Колумна: Како ќе ја опрајме државава без морско бе луѓе?

И сега како бе…..како? Како Владата на НСРСМ да работит ефикасно? Како пратениците да носат правилни одлуки и да не трескет зелени по говорниците? Се најде Таче паметен да им забранит да јаделе морска храна, бадеми, лешници, ф`стаци и останато афродизијаци. Е сега замисли без ова храна кога на еден пратеник умот ќе му е во дисфункционалната ерекција да мислит со глата и да е сконцентриран на решавање на енергетската криза во државичево. Наместо да мислит со глата тој ќе мислит на глата.

А и друго. Голем дел од пратеници бре наместо мајчино млеко да цицет израснати се со морска храна. Еве голем дел од нив се од с.Мала Речица каде откоподите им шетале по дворојте како кокошки. Во с.Ливада, од кај шо е Зијадин Сеља, школките никвеле на ѕидојте наместо бршлен. Еден Аце наш, од Велгошти, пораснат е со краби од река Сушица. Жаки пак з`ш поблиску до езерово до пубертет ја хранеле со пудинг од јастози или пак Јован стружанецон не одел во градинка дур не му намачкале лепче со паштета од лигњи изваени од Дримон. А да не зборвам за скопскиве пратеници кои секоја четврт матура ја праеле со фламбиран вардарски бакалар. И сега Таче со твојава забрана како ќе ја опрајме државава? Како ќе ја мокаме вака?

И после не се нервирај не палардисви. Ме попизде Таче. Уште малку и мензис ќе добиев. Ме скрена и Васко генералнион од ЕСМ. Мицко под хитно да ги кажел компаниите со кој контактирал од запад од кај шо можел да донесит поевтин мазут и газ. Или гас….незнам како беше. Ало бе Васеееее. Мицко не ти е од таткати стока да му наредвиш.

Абре татко му на Кики, шо си е негова своина, не му нареди под хитно да станит магистер, па доктор на науки, па професор кај него, па да издават трудој за све шо е поврзано со лостови механизми, па генерален директор на ЕЛЕМ…ехеее за ова требит време бе бате времиња. Најмалки 2-3 години. Ам како.

И на крај краишта тој не тврдеше за ова. Само онака уз муабет спомна. А и да е така требит време да се сетит со кои компании зборвел. А како да се сетит ко Таче му забрани да јајт пушена харинга. И после Мицко е крив.

Е зато не ојме напред. Зато. Освен со фекалиите. Ај шо многу се просераваме туку во 21-ви век, можда единствени во Европа сме, низ охридските улици а и низ цела држава, се занимаваме со постављање на фекални канализиции. Охрид како сесловенски град и Македонија како држава која држи до традицијата, не се откажвит од традиционалните ќенефи. Е вакви вести сакам да слушам.

Светот дур од изметот прајт струја, гориво можда, солитери од говна, можда и еклери, ние како светска вест пласираме дека редиме нова канализација. Само да не ја чепкет она на улица Галичица з`ш жителите таман купија кајчина. А мислам дека требит бар онака чисто ради проба и ние да пробаме да прајме струја од фекалии, з`ш ако не друго во НСРСМ сме полни со гомна. Квалитетни.

Тук дан заборам. Пушти телевизија ќе почнит цртанион филм со пчеличката Маја шо им прајт мед за рачињата на другарчињата.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ