Колумна: Славко пази USB – OhridNews

Еееее пустинa да не фатат. Ме вратија назад едно 40 години. Какви задоволства ни имет пружано. Овај пат Мирко и Славко се вратија да ја заштитат македонштината. Мирко се втури од западен фронт према плоштадот на Благоевград преку кључкана кај Лукоил па преку улица Иван Михайлов…џанк центар. Славко од исток влезе од кај Салон за Матраци, преку Васил Левски, Тодор Александар па левим крилом на булевар Свети Димитър Солунски директ кај шо беше Никола Вапцаров.

Ко наближија Мирко со финта на тело лево, а продолжи десно, почнаа да мафтет со раце према него и им одвлече внимание, а за то време Славко стрелно се пробиваше, го одбрани Вапцаров. А се препосрав од радост и прошљашкав, ко некош на кино, ко му рече Мирко: Славко, пази стик. И Славко на сиодвење цап стикот и викна: Фала Мирко. Сите остана бели во очите. Нит да пеет нит докази дека овие двајца биле на олку голема мисија. USB – то Аш.

И сега како да не им се дивиш. Како, на пример, да не му се дивам на Тачето. Абре не солзи не мрсули, ами цел се исцедив ко рече дека аку оваа година економски ќе бидит најкризна после втората светска војна никој немат да е забораен. А не знам како од радост не ми пукна дванајспалачното ко рече, го рецитирам: Аку сум премиер прво ќе ммслам на граѓаните после на мене.

Значи Таче да не пукниш сите ти повервивме и дома кај мене од радост р`снавме во плач, ко Сеид Али ко му ги донесе Кадрие, сна му, внуците близнаци во конакот. Се искашкавме, секој секому да му бришит те солзи те мрсули. Па кивни испрскај се, поткашлај потпрдни си. Страшно. Абе немојт Таче да јаде, на народ да не даде. Мада малку се насекирав ко ми излезе слика, ко ќе ни донесит дома јадење ние фукаме ко невидени попара со леб во вода, шо ни го донесол тој, а тој низ пенџере не гледат натажен ко Ангелина за Дојчина.

Плус чоекот рече зимава немат шанса некој да бират помеѓу греење и храна. И да сакат не ќе мојт. Еден киловат струја ќе е ко лежалка на Малдиви, а бајат леб од 3 дена кај сакаш. Е ова ко го чув…..Абе без да сакам ми излезе од грлово: Попаднала црна Тачина, попаднала под града Солуна, Глава имат колку еден казан, Уши имат колку два таруна, Очи имат колку два шиника….И се штрецнав. Ми текна дека ова е песна за јунакот Црна Арапина. Ама шо да прам, сама излезе. Мада и Таче е јунак наш фатил Мицко за опаш….еве пак. Как да е и тој јунак можта бетер од Мирко и Славко.

Абре јунак до јунак во НСРСМ. Еве овие деној мојт и министерон за болни Беким Сали да им се придружит на спомнативе арслани ак прифатит зголемување на партиципација за здравствени услуги. Пту пту пту изгоре лончето за ветвењето од 2016 на Зорета и Аметија за укинување на партиципацијатаи бесплатно здравство. Можда пак и требит да се зголемит з`ш можда се планират она познатана парола “Сите на ехо да идат истуширани“ во “ Идајте да ве тушираме“. Не знам. Мада поблиску ми е дека овај шампонов од бреза шо го користам, еВтиниов, да не ми го признавет. Во духот на анти кризни мерки мојт да ми побарет Џонсон. Пак не знам.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...