Македонија во битката за четвртфинале ќе стартува без бодови

Машката кадетска репрезентација на Македонија по победата над Грузија од 27:21 обезбеди пласман во главната фаза на Светското првенство во Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ, кои за ривали во следниот круг ги имаат најдобрите две репрезентации од групата Е – Данска и Австрија, битката за четвртфинале ќе ја стартуваат без бодови.

Првопласираната од групата Ф, селекцијата на Норвешка, која во последното коло ја декласираше Црна Гора со 41:22, ќе пренесе два бода, оние од дуелот со „црвено-жолтите“.

Со два бода ќе стартува и Данска, бидејќи во дерби дуелот со Австрија издвојува победа од 43:28.

Од 4-те новоформирани групи, само најдобрите две репрезентации ќе се пласираат во четвртфиналето.

Репрезентациите кои ќе завршат на 3 и 4 место во секоја група ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.

 

Рутински одработена задачата со Грузија: Македонија е во ТОП 16 во светот!

Иван Галевски е МВП на мечот со Грузија (ФОТО)

Субашевски за 24Ракомет ТВ: Данска ќе биде главниот тест, ќе дадеме сѐ од себе за победа (ВИДЕО)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...