Македонија со две победи по ред се пласираше во главната фаза од СП за играчи до 19 години што се одржува во Хрватска. Селкеторот Радослав Стојановиќ има компактен тим кој на секој меч игра до крај. Колективот е тој што победува, а поединците само даваат шмек на оваа сила на младата македонска репрезентација.
На различен меч блеснува различен играчл покажувајќи ја разновидноста, и квалитетот што го поседуваат ракометарите. Следни противници на Македонија се Данска и Австрија.