„МРТВА ТРКА ЗА ТИТУЛАТА“ – И Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат до последно коло

Екипата на Вардар со победата над „сино-белите“ од Автокоманда со 24:21 во 12. коло од суперлигашкиот плеј-оф практично го осигура второто место и остана во игра за шампионскиот трофеј во Супер лигата.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер е во пол позиција, има 35 бодови на свое конто, додека „црвено-црните“ имаат 33. Ова ќе биде најнеизвесниот плеј-оф во ракометната историја во Македонија, бидејќи битолчани и вардарци до последното коло ќе се борат за трофејот.

Ракометарите на Вардар за последни ривали ги имаат екипите на Охрид и Бутел Скопје, додека Еурофарм Пелистер во последните две кола од плеј-оф фазата ќе се сретна со Струга и тимот од Автокоманда.

Вардар доколку посакува да дојде до враќање на шампионската титула ќе мора максимално да одработи на последните два дуели, но и да се надева дека неговиот вечен ривал ќе направи кикс во последното коло против вицепрвакот.

Доколку Вардар остане на второто место, тогаш и во следната сезона ќе игра најмалку во квалификациите за Лигата на Европа, а доколку Еурофарм Пелистер добие вајлд-карта за ЛШ, вардарци би можеле директно во група од второто по ранг натпреварување.

Вардарци по вторпат подобри од вицепрвакот



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Во Германија ракометот е забава, за нас е „живот или смрт“

Македонскиот репрезентативен голман и актуелен чувар на мрежата...

Морос ја заврши швајцарската авантура

Шпанскиот репрезентативец Виран Морос на крајот на оваа...

Макаби Ришон се поздрави со Чаневски, Карачиќ и Атман

Израелскиот Макаби Ришон Ле Зион не успеа да...