Македонците перфектни, Ваљадолид остана во игра за ТОП 5

Тимот на Ваљадолид, во кој настапуваат двајцата интернационалци од Македонија, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, освои важна победа во Асобал лигата.

Составот на Писонеро во натпревар од 28. коло за ривал го имаше тимот на Синфин и успеа да ги освои посакуваните бодови, откако триумфираше со пет гола разлика, 36:31.

Голем придонес во победата имаа токму двајцата ракометари од Македонија, па така двајцата имаа 100% реализација, левото крило Димитриоски заврши со четири од четири, додека левиот бек Димитриевски имаше три реализации од три обиди.

Ваљадолид во Асобал лигата е позициониран на 6. позиција со 29 бодови, додека петтопласираниот Адемар Леон има 31.

До крајот од сезоната Ваљадолид треба да игра уште со Адемар Леон и Морацо, по што ќе биде познато дали тимот на Писонеро ќе избори пласман во Европа.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Морос ја заврши швајцарската авантура

Шпанскиот репрезентативец Виран Морос на крајот на оваа...

Макаби Ришон се поздрави со Чаневски, Карачиќ и Атман

Израелскиот Макаби Ришон Ле Зион не успеа да...

Металург Автокоманда „краде“ две ѕвезди на Вардар!

Тимот на Металург Автокоманда ќе има уште поголеми...

Барса „доби“ засилување за Келн

Шпанскиот шампион Барселона „доби“ засилување за завршниот турнир...