Оливие Њокас се пресели на Кипар

Левиот бек Оливие Њокас ќе има нов предизвик во богатата кариера по настапите во многу квалитетни лиги.

Едниот од браќата близнаци, кои една сезона беа дел од Вардар, иако дојдоа во Македонија да играат за Металург, се пресели во тимот на Парнасос Строволу.

Овој кипарски тим игра финална серија до пет победи со Анортозис Фамагуста, а во моментов е 3-2 во победи за тимот на Строволу.

Оливие Њокас играше за Понто Комбо, Кретеј, ПСЖ и Нант во Франција, а има настапи и за шпанскиот Алкобендас и германскиот Балинген.

По заминувањето од Македонија една сезона беше дел од Ал Наџма од Бахреин и една сезона играше во грчкиот Олимпијакос.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Марија Јанкуловска МВП, Рахмани нај стрелец, Којовиќ нај голман на Ф4 во Купот

Ракометарките на Ѓорче Петров го освоија трофејот во...

Ѓорче Петров со фуриозен втор дел до Куп трофеј

Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на...

Ристиќ и Петровска се погрижија за убедлива победа на Скопје против Гевгелија

Ракометарките на Скопје со убедлива победа со 34-16...