Пелистер даде сѐ од себе, но бодовите останаа во Струга

Екипата на Стружанка во натпревар од 23. коло од Женската лига го доби дуелот против Пелистер, славеше со 23:21 и со новите освоени три бодови ја сочува 6. позиција на табелата, додека тимот од Битола останува на една позиција подолу, односно на седмото место.

По нерешените 2:2 во воведниот дел, домаќинот фати залет и до крајот од првото полувреме беше подобриот ривал на терен. Стружанка водеше со еден до четири гола разлика, ги имаше расположените Голабоска, Раткушиноска, како и Затуроска, па така по 30 минути игра резултатот беше 12:9 во корист за домашниот табор.

На почетокот на вториот дел Стружанка ја зголеми предноста, во неколку наврати водеше со плус пет, но битолчанки во 45 минута направија какмбек, откако израмнија на 17:17. Од тој момент сѐ тргна од нула, секој шут беше важен и само нијанси одлучуваа како ќе заврши денешниот натпревар.

Во клучните моменти, односно по нерешените 20:20, домаќинките врзаа два гола во низа, се одлепија на 22:20 и тука веќе беше јасно дека гостинскиот тим нема да има можност за барем бод на овој дуел.

Најефикасна во победничката екипа беше Ивана Зуторска со осум погодоци, шест постигна Марија Голабоска, пет додаде Мендувие Далипоска.

Кај поразениот табор прв стрелец беше Моника Босилковска со пет погодоци, а ја следеа Ана Марија Талева и Сандра Корлевска со по четири погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бисинов го задржа „мозокот“ на тимот – Илиев останува уште една сезона

Откако се врати во родниот град, Велес како...

Стојановиќ презема клуб од Словенија!

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ,...

ИНТЕРВЈУ МАРТИН ТОМОВСКИ: Пораснав во Металург и Вардар, време е за интернационален пробив!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски за првпат...

Некогашниот капитен на пелистерци се сели во Грција

Некогашниот капитен на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, во...