Размислуваат ли пратениците од СДСМ и ДУИ како да го скратат притворот за 650.000 луѓе?

Пратениците на СДСМ и ДУИ пред два дена не смогна сили да го реши огромниот проблем со пасошите. Решија да не стиснат копче за смена на закон со кој ќе се продолжеше важноста на патните исправи во кои го нема омилениот збор на власта – „северна“.

Околу 650.000 лица сега чекаат какво решение за големото кршење на човековите права ќе понудат истите тие пратеници.

-Не сакам да помислам дека само ја донесоа онаа неосмислена одлука, а немаат друго решение. Во тој случај нивната одлука е како казна за нас граѓаните. Треба брзо да дадат решение за хаосов да се среди, е една од многуте реакции на граѓаните на социјалните мрежи.

Да, факт е дека од денеска постапката за нов пасош е донекаде олеснети. До МВР може да се испрати електронска порака со барањето за добивање на термин за промена на некој од документите. По испраќањето, граѓаните треба пак да чекаат да им се јави некој од операторите за да им соопшти за кога им е определен термин.

Доволно ли е тоа олеснување? Јасно е дека брзината на издавањето на нови исправи не е доволна за да се одговори на потребите на граѓаните. А тоа значи дека свеовидниот притвор во којшто се ставени тие граѓани со неможноста да патуваат надвор од земјава со стари пасоши, продолжува.

Завчера парламентарното мнозинство им ја запечати судбината, една третина од населенито мора понижено и нервозно да чека. Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека дури околу 100.000 граѓани, кои имаат стари пасоши и кои немале лична карта, ќе дојдат во ситуација да не може да гласаат на изборите…

Го гледаат сето ова од парламентарното мнозинство? Се размислува ли за поадекватно решение на проблемот? Или, се си останува на соопштенијата дека доаѓаат нови и нови контигенти на обрасци за пасоши и на грижата околу тоа како „свечено“ да бидат пречекани на граничниот премин?

Зарем, власта само ќе си продолжи со укажувањето дека го сочувала меѓународниот углед на Македонија со тоа што покажала како ги почитува меѓународните договори, заборавајќи притоа на угледот и правата на сопствените граѓани?

ИЗВОР: СКОПСКО ЕХО

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Којовиќ: Нема за што да жалиме, дадовме сѐ од себе

Екипата на Чаир годинава испиша историја, бидејќи за...

Јанкуловска: Имавме грч, ама се брзо се среди и победивме

Една од најмладите ракометарки на Ѓорче Петров, Марија...

Марија Јанкуловска МВП, Рахмани нај стрелец, Којовиќ нај голман на Ф4 во Купот

Ракометарките на Ѓорче Петров го освоија трофејот во...

Ѓорче Петров со фуриозен втор дел до Куп трофеј

Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на...