Словенија ослабена за бараж двомечот со Швајцарија

Репрезентацијата на Словенија денеска ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2025 против незгодната Швајцарија,.

Словенците ќе бидат осетно ослабени за натпреварите против Швајцарија, бидејќи во составот на Урош Зорман нема да бидат Гашпер Маргуч, Миха Зарабец и Борут Мачковшек.

Маргуч и Зорман имаат проблеми со Ахиловата тетива, додека левиот бек Мачковшек со коленото.

На нивното место, селекторот Зорман ги повика левото крило Алекс Кавчиќ и организаторот на играта Тилен Стрмљан, кој има солидни партии во Бундес лигата.

Првиот натпревар меѓу Словенија и Швајцарија ќе се одигра денес, додека реванш дуелот на 12 мај.

Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржува во Данска, Норвешка и Хрватска.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ