Со какви идеи си ти?

И колку што ова беше силна порака за отфрлање на лошите, на погрешните политики, истовремено е исто така и сериозна порака за новите политики со кои нацијата ќе се соочи во наредниов период. Порака дека нацијата нема мирно да седи и беспоговорно да го прима сето она што ќе се сервира. Пред сѐ и над сѐ дека нема да се дозволи натаму да се чепка во основните постулати – идентитетот, името, јазикот, туку овие прашања да се решаваат и да се толкуваат со почитување на изворите принципи, градени на илинденска и асномска основа

Во раните утрински часови по денот поминат во исчекување на избраните резултати, првата асоцијација што ми дојде беа зборовите на песната „Народе македонски“, особено делот во кој се вели „свести се, не спиј ти“. Ме мачеше одгатнувањето на прашањето „се освестивме ли“, „се освести ли народот“.
А поводот беше одговорот што нацијата го испрати до довчерашната власт, поточно отфрлањето на лошите политики што беа спроведувани последниве години. И тоа отфрлање може да се каже дека беше референдумско. На тој начин народот уште еднаш покажа дека може да биде силен коректор на власта, коректор на погрешните политики, политиките што водеа кон деноминација на македонскиот народ. Политиката што го потиснуваше најдлабокото чувство на припадност на една нација.
Токму во тој потег на народот, во високиот одзив на изборите, што е всушност силен индикатор за неговото размислување, може да се најде одговорот на прашањата од почетокот на колумнава. Токму поради сето горенаведено и дојде до тоа „будење“ на нацијата, до нејзино освестување, токму како во народната песна. Народот покажа дека не спие, туку е силно свесен за своето место и улога и не дозволува тоа да биде погазено од никого.
И колку што ова е силна порака за отфрлање на лошите, на погрешните политики, истовремено е исто така и сериозна порака за новите политики со кои ќе се соочи нацијата во наредниот период. Порака дека нацијата нема мирно да седи и беспоговорно да го прима сето она што ќе се сервира. Пред сѐ и над сѐ дека нема да се дозволи натаму да се чепка во основните постулати – идентитетот, името, јазикот, туку овие прашања да се решаваат и да се толкуваат со почитување на изворните принципи, градени на илинденска и асномска основа.
Пораката се однесува и на итноста од расчистување на сите отворени прашања, пред сѐ на заведување систем што ќе функционира. Никогаш повеќе да не се дозволи да се повтори хаосот во здравството, во образованието, во правосудството, во сообраќајот, буквално на сите страни.

А кога веќе зборуваме за проблемите што бараат итно и неодложно решавање, тука пред сѐ мислиме на индивидуалната одговорност, со корупцијата како највисоко рангиран проблем на сите релевантни домашни и странски анкети и анализи, која мора да се сузбие на најмала можна мера. Тоа ќе биде веројатно долг и на моменти болен процес, но чашата е веќе прелеана и не смее да има милост кон никој што се огрешил и кој ги пикнал рацете во медот. Тоа ќе биде сериозен испит за зрелоста на правосудството, да се докаже дека има капацитет да си ја работи независно својата работа и дека конечно се откачило од влијанието на „тефтерчињата“ и клановските порачки за кои беше обвинувано од едната или другата политичка опција. Ако успее божицата на правдата да го симне превезот од очите и конечно да прогледа, тоа ќе биде веројатно првиот знак дека работите се одвиваат во вистинската насока.

Во секој случај, сега пред новоизбраните носители на власта претстојат денови на сериозна ангажираност и реализација на предизборните ветувања. Ништо повеќе и ништо помалку. Процедурата за претстојниот период е пропишана и точно се знаат роковите до кога треба да се инаугурира претседателката на државата, кога да се свика новиот состав на Собранието, кога да се конституира новата влада. И тоа ќе значи дека очите на јавноста ќе бидат вперени кон сите овие нови лица на најодговорните функции.
Верувам дека повеќе од јасно е дека ќе нема попуст за никого во оцената на нивната работа. Нацијата веќе еднаш силно почувствува дека го има најсилниот инструмент во своите раце – својот глас. Тешко дека некогаш повторно ќе дозволи да не го употреби својот најсилен адут доколку увиди дека работите не се одвиваат како што било ветено, а уште помалку да дозволи некој друг, наводно, во негово име да одлучува и да наметнува ликови што ќе владеат во име на народот.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бразилски репрезентативец пристигнува во Војводина

Актуелниот шампион на Србија, Војводина, на лето ќе...

Веспрем стигна до 31. трофеј во унгарскиот Куп

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Веспрем по 31. пат го освои Куп трофејот во Унгарија

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Ангелески: Ќе го дадеме максимумот и на последните два меча

Екипата на Прилеп се наоѓа на чекор до...