ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 12 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Охрид, Бутел Скопје и Голден Арт.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 12. коло, резултати:

Плеј-оф

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 32-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 35-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 24-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ПРОЛЕТ 29-22 (ИЗВЕШТАЈ)

Плеј-аут

МУЛТИ ЕСЕНС – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 30-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 27-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР НЕГОТИНО 46-36 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 12.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Иван Ангелески (Прилеп) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и беше меѓу најдобрите против Куманово.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Стружанецот беше на ниво на средбата против Пролет што Охрид ја доби рутински.

Лев бек: Богдан Мијушковиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Црногорскиот интернационалец со десет гола го потопи Скопје.

Среден бек: Косуке Јасухира (Вардар) – Јапонецот постигна осум гола во дербито, беше сигурен пеналџија во дуелот со вицепрвакот.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот ја продолжи одличната форма од цела сезона и на средбата со Струга.

Десно крило: Мице Шилегов (Голден Арт) – Десното крило постигна 11 погодоци на средбата против Вардар Неготино.

Пивот: Денис Василев (Еурофарм Пелистер) – Рускиот кружен напаѓач беше меѓу најдобрите во триумфот над Тиквеш.



Извор

претходниот член,
Следната статија

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Македонскиот“ Коњалти ја освои бронзата во Турција

Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки...

Го елиминираа Ѓорче Петров и се на праг до титула

Тимот на Елче е на добар пат да...

Веспрем стигна до 31. Куп трофеј

Ракометарите на Веспрем успеаја да го одбранат Куп...

Загреб слави јубилејна 30 титула во Купот, Дибиров МВП на Ф4!

Тимот на Загреб без многу проблеми го освои...