Стартуваат олимписките квалификации – Балканот со два претставници!

Денеска со натпреварот меѓу репрезентациите на Унгарија и Велика Британија ќе стартуваат квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз.

За учество на најголемата спортска манифестација преку квалификациски натпревари ќе се борат 12 репрезентации.

Претставници од Балканот ќе бидат Словенија и Црна Гора, кои се најдоа во иста група, а само најдобрите две репрезентации од трите групи ќе обезбедат билет за ОИ 2024.

Како што е познато, репрезентацијата на Велика Британија е замена за Камерун, бидејќи африканската селекција во последен момент го откажа учеството.

Квалификациските натпревари ќе се играат до 14 април, по што ќе бидат познати сите учесници на Олимписките игри, кои ќе се одржат во периодот од 26 јули до 11 август.

Распоред на денешните квалификациски натпревари:

Група А (Дебрецен)
15:30 Унгарија – Велика Британија
18:00 Шведска – Јапонија

Група Б (Торевиеха)
18:30 Шпанија – Чешка
21:00 Холандија – Аргентина

Група Ц (Улм)
17:45 Германија – Словенија
20:15 Црна Гора – Парагвај



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Купот добива нов сопственик, Вардар запрен на првата препрека

Ланскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа...

Уметноста на возможното – Република

Петар Поп-Арсов Изборите завршија, резултатите ги знаеме. Ги знаеме победниците...

🎥 Вардарци „скршени“, „Комити“ со порака: Нема да ве оставиме!

Вардарци нема да го бранат трофејот во Купот на...

Недановски: Не треба „некои“ да решаваат кој ќе победи!

Ракометарите на Вардар нема да имаат можност да...