СТРУГА 2023: Грците најавија – доаѓаме по нов трофеј!

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе игра и освојувачот на трофејот од 2019 година, екипата на АЕК Атина.

Грчкиот шампион третпат ќе биде дел од традиционалниот турнир и доаѓа со намера вторпат да подигне трофејот на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа.

Тренерот Алексис Алванос очекува силни натпревари што ќе му помогнат да го воигра тимот пред стартот на новата сезона.

„Третпат ќе играме на овој турнир и многу сме среќни поради тоа. Нашите очекувања секогаш се исти. Да играме силни натпревари за да бидеме подготвени како тим најдобро што можеме. Нашиот тим комплетен доаѓа во Струга, на турнирот на кој секогаш играат силни европски екипи. Она што е уникатно е што се игра на отворено, а тоа е посебно искуство“, вели Алванос.

Тој ги прокоментира и ривалите во групата, а тоа се Алкалоид и Динамо Панчево.

„Игравме против Алкалоид и минатата година. Го почитувам овој млад тим, со многу талентирани играчи и неколкумина искуство кои играат убав ракомет. Исто така го почитувам и тренерот – мојот пријател Кире Лазаров. Динамо Панчево е српски тим кој е исто така силен и очекувам добра претстава против нив. Сите тимови доаѓаат во Струга да ги продолжат подготовките со некои пријателски натпревари, па навистина не знам кој е фаворит за трофејот. Посакуваме да гледаме силни натпревари без повреди и нека победи најдобриот. Нашата цел е да го искористиме овој турнир за да имаме добра сезона, да освоиме двојна круна дома и да имаме добра претстава во Европа“, заврши Алванос.

Капитенот на тимот Панајотис Николаидис вели дека Струшкиот турнир е топ настан и дека тој и неговите соиграчи посакуваат нов трофеј.

„Струшкиот турнир е топ настан. Ние доаѓаме по третпат. Среќни сме што ќе играме и доаѓаме да победиме, бидејќи сите играчи се подготвени за настап. Ова е 51. издание и ќе има многу силни тимови, па очекувам возбудливи натпревари. Динамо Панчево и Алкалоид се многу добри тимови, но сите тимови ќе имаат свои шанси. Ние сме подготвени за борба за трофејот. Во новата сезона посакуваме да бидеме на врвот на домашната сцена, да го освоиме и Суперкуп трофејот и да имаме добра сезона во Европа“, заврши Николаидис.

СТРУГА 2023: АЕК Атина – грчкиот првак доаѓа по нов трофеј покрај езерото

Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.

.
.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...