СТРУГА 2023: Кои екипи биле победници на традиционалниот турнир?

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра турнирот. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Ова лето на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе продолжи традицијата започната во 1973 година кога се одржал првиот Струшки турнир.

На 51. издание на Струшкиот турнир ќе играат шест екипи – три домашни (Струга, Вардар и македонскиот вицепрвак Алкалоид) и три странски (АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф). Од сите осум учесници, само Вардар и АЕК Атина го освојувале трофејот покрај езерото.

Интересно е тоа што по 13 титули на традиционалниот турнир во Струга имаат освоено екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Битолскиот тим годинава нема да биде учесник, па така на 51. издание на Струшкиот турнир ќе има нов шампион.

Од македонските екипи покрај водечките Вардар и Еурофарм Пелистер, турнирот во Струга го освојувале уште и Металург, ТК Бренд и ВВ Тиквеш. 14 различни екипи од осум земји досега победувале во Струга.

ДОСЕГАШНИ ОСВОЈУВАЧИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР:

13 – ВАРДАР
13– ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
4 – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА), БОРАЦ БАЊА ЛУКА (БИХ)
3 – МЕТАЛУРГ, ТК БРЕНД
2 – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА), ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
1 – СЕСОН РЕН (ФРАНЦИЈА), АСКИ АНКАРА (ТУРЦИЈА), ПРИШТИНА (КОСОВО), ВВ ТИКВЕШ, ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА), АЕК АТИНА (ГРЦИЈА)

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...